Вашата кошничка е празна.
Flowers Symphony 2 во Скопје
Краток опис:
Оркестар DIVA (Битолски камерен оркестар) повторно доаѓа во Скопје, овојпат со второто издание на музичкиот спектакл Flowers Symphony 2. Под диригентската палка на Владимир Димовски, оркестарот, хорот и солистите ќе создадат вечер исполнета со раскошни вокали, моќен симфониски звук и музика што буди силни емоции. На сцената ќе настапи голем музички состав предводен од Оркестар DIVA во симфониско издание, заедно со хорот „Гортинија“ од Гевгелија и извонредните вокални солисти: Наде Талевска, Билјана Талевска, Јаворка Витанова, Виолета Арсовска, Зана Абази-Рамадани и други музички изненадувања. По прекрасниот прием на првото издание минатата година, Flowers Symphony се враќа со нови композиции, збогатена програма и уште помоќно музичко доживување. Второто издание ќе донесе нов избор на италијански арии и канцони, како и незаборавни теми од светската филмска музика на Енио Мориконе, Џон Вилијамс и Ханс Цимер, како The Ecstasy of Gold, Now We Are Free, Raiders March, Hijo de la Luna, и многу други. Ќе се одржи на: 16 ноември 2026 | 20:00 часот Македонска филхармонија, Скопје
Одбери го твоето место:
Zoom:
1800 ден.