Вашата кошничка е празна.
ЈЕЕЈ! - Најголемата новогодишна детска забава во Скопје
Краток опис:
Јееј! Доаѓа НАЈГОООЛЕМАТА новогодишна детска забава со Биби, Боби, Тина и Моника! Многу музика, песна, танц и празнична енергија ги очекуваат најмладите на 27 декември, кога спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе биде домаќин на НАЈГОООЛЕМАТА новогодишна детска забава со „ЈЕЕЈ!“ и „Светот на Биби“.
Со почеток во 11:00 часот, децата и нивните родители ќе имаат можност да бидат дел од големо празнично дружење со омилените ликови Биби, Боби, Тина и Моника.
Музичкото шоу „ЈЕЕЈ!“ ја носи својата препознатлива енергија и на големата новогодишна забава. Биби, Боби, Тина и Моника ги канат децата да им се придружат во музичкото доживување, да ги пеат омилените песни, да танцуваат и да уживаат во заедничките моменти. Забавата е замислена како празнично доживување за целото семејство, во кое и родителите ќе можат да се потсетат на радоста од музиката и безгрижното детско дружење.
„ЈЕЕЈ!“ е музичко-едукативно шоу на „Светот на Биби“ кое преку музика, игри, квизови и интересни приказни ја поттикнува љубопитноста кај децата и им овозможува да откриваат нови работи на забавен начин. Преку различни музички содржини, најмладите се запознаваат со светот на музиката, нејзините инструменти, ритамот и познатите музички приказни. Токму музиката, играта и добрата забава се во центарот и на новогодишното дружење, кое ги обединува препознатливите ликови и светови што децата ги сакаат.
Заедничката новогодишна забава на „ЈЕЕЈ!“ и „Светот на Биби“ ја носи и пораката за пријателство, заедништво и учење преку забава. Бидејќи празниците се најубави кога се споделуваат, ова е можност децата и родителите да поминат квалитетно време заедно, исполнето со музика, насмевки и многу позитивна енергија.
Најголемата новогодишна детска забава со „ЈЕЕЈ!“ и „Светот на Биби“ ќе се одржи на 27 декември, со почеток во 11:00 часот, во спортскиот центар „Јане Сандански“.
Главен партнер на настанот е „Авицена лабораторија“. Партнери се и „Македонски Телеком“, „Дексико“, „Локо кроко“, „Шпаркасе банка“ и „Триглав Осигурување“. Медиумски партнери се: „Слободен печат“, „Факултети.мк“, „Црнобело“ и „Деца.мк“.
Одбери го твоето место:
Zoom:
1800 ден.